Историја на „Ролан Гарос“: Тенисот ќе добие нов Гренд слем шампион
Ионака нивниот број не беше голем, Карлос Алкараз воопшто не допатува во Париз, Данил Медведев загуби во првото, а Јаник Синер во второто коло. Ова значи дека друштвото на Гренд слем победници годинава ќе добие нов член, а идната недела ќе се знае кој ќе биде тоа. Очигледно прв фаворит сега е Зверев, а тука се и Оже-Алијасим, Руд итн.
Последните девет Гренд слем трофеи ги освоија само двајца тенисери - Карлос Алкараз и Јаник Синер со тоа што Шпанецот дојде до пет, а Италијанецот до четири од нив.