Македонија по епска битка ја реши Летонија за прв триумф во Златната лига

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија успеа со пресврт да слави против Летонија со 3-2 во сетови, односно 18-25, 25-19, 20-25, 25-23 и 25-23 за прва победа во Златната европска лига.

Македонија имаше водство во првиот сет сè до 10-9, по што Летонија ја презема контролата и славеше со 25-18. Избраниците на селекторот Миленкоски во следниот сет успеаја да одговорат со 25-19 и да израмнат на 1-1 во сетови.

Летонија беше подобра во третиот сет со 25-20, по што Македонија возврати во следниот со 25-23. Жестока борба се водеше и во петтиот сет каде што Македонија со 25-23 успеа да ја совлада Летонија.

Македонија досега во Златната европска лига има два порази, и тоа од Финска и Словачка, како и еден триумф против Летонија.

Фото: Одбојкарска репрезентација на Македонија