„Попрво би играл во Втората лига на Мадагаскар отколку во Партизан!“

Кошаркарот на Црвена Звезда, Џон Браун, во подкаст-интервју откри детали од своето искуство во Белград, зборувајќи за ривалството со Партизан, неговиот однос со навивачите и животот надвор од теренот.

Американецот, кој се приклучи на белградскиот клуб во декември по пауза поради повреда, изјави дека никогаш не би играл за Партизан, дури и по цена да се пресели во Втората лига на Мадагаскар.

„Игравме против Партизан во Евролигата и едно дете ме плукаше цел натпревар. Немаше реакција од околината. Немања Недовиќ ме смири и ми рече да не реагирам. Но јас бев шокиран – тоа е до воспитувањето, не до мене. Јас никогаш не би го носел дресот на Партизан, макар требало да играм на Мадагаскар“, рече Браун.

Осврнувајќи се на односот со навивачите на Црвена звезда, рече дека љубовта и поддршката што ја добива се големи, но понекогаш и обврзувачки.

„Отидов до трговски центар и веднаш ме 'бомбардираа' со барања за фотографии. Не успеав ни да купам основни работи. Имам мал ресторан под зграда, но дури и таму нарачувам онлајн бидејќи не можам да порачам на лице место“, вели тој.

Браун истакна дека атмосферата на натпреварите на Црвена звезда е нешто што досега не го доживеал.

„Порано играв против Звезда, но кога си дел од тимот – тоа е сосема друга енергија. Салата, публиката, поврзаноста – тоа не се споредува со ништо. Навивачите си ја вршат работата феноменално“, заврши Браун.

Кошаркарот има договор на две сезони со можност за продолжување и изрази желба да остане дел од клубот и во иднина.

ФОТО: EPA PHOTO