
Шкендија домашните натпревари ќе ги игра во Маџари
Преку објава на социјалните мрежи тие информираа дека нивни „дом“ за натпреварите од ВМФЛ следната сезона ќе биде стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.
На теренот „Борис Трајковски“ своите натпревари во изминатата сезона ги играше Гостивар кој беше исфрлен во најзинок ранг, но исто така стадионот го користеа Вардар и Работнички како резервна опција.
Иако нема да играат на домашен терен, сепак од клубот очекуваат и во Маџари да имаат голема поддршка на секој натпревар.