Фабрегас нема против да го преземе Интер, ама Комо не го пушта

Претставници на Интер вчера во Лондон имале средба со шпанскиот стручњак Цеск Фабрегас ококолу негово можно преземање на „нераѕурите“ и според информациите, работите не одат во позитивна насока.

Наводно, Фабрегас е расположен да го преземе миланскиот тим, но проблем прави раководството на Комо со кого тој има договор. Поради почит кон клубот, Шпанецот не сака да ги продолжи преговотите и најверојатно ќе ја одбие понудата од Интер. Италијански медиуми тврсат дека одлуката на Комо да не го пушти својот тренер не е единствен проблем бидејќи при разговорите со луѓето од Интер, Фабрегас сфатил дека имаат различна визија околу трансфер стратегијата и проектот во иднина.

Сега како прв фаворит за тренерската позиција се спомнува поранешниот француски репрезентативец Патрик Виеира кој од ноември 2024 година е шеф на стручниот штаб на Џенова. Тој е и поранешен фудбалер на Интер чиј дрес го носеше од 2006 до 2010 година, а во договорот со Џенова има откупна клаузула од 500 илјади евра што секако нема да биде проблем за „нераѕурите“.