
Барса пак ќе купува во Хрватска, на сметката на Динамо ќе легнат пет милиони евра
Хрватските медиуми информираат дека клубот од Каталонија ја активирал откупната клаузула за 16-годишниот португалски напаѓач Кардосо Варела кој во моментов е член на академијата на Динамо. Планот е тинејџерот да остане во загрепскиот клуб уште една година на позајмица, а потоа да се приклучи на Ла Масија и Б-тимот на Барса.
Освен петте милиони евра со откупот на договорот, Динамо ќе има и дел од идната продажба на Варела и вкупно на својот млад фудбалер може да заработи околу десет милиони. Ова е добро испробана тактика на Барселона која во случајот со Фаје за една година заработи 8,5 милиони евра откако го купи од Кустошија, а го продаде на Рен.