За првпат по 120 години се пласираа во Европа, а сега може да не играат?!
Проблем за англискиот клуб кој го чека својот прв настап во групна фаза од едно европско натпреварување по 120 години може да биде правилото на УЕФА кое вели дека два клуба со иста сопственичка структура немаат право да се натпреваруваат во исто европско натпреварување.
Имено, сопственикот на клубот од Лондон, Џон Текстор преку својата компанија „Игл Холдинг“ поседува и акции во францускиот Лион кој исто така сезонава обезбеди место во Лига Европа како шестопласиран во француското првенство.
Во Кристал Палас, сепак, се надеваат дека ќе ја убедат УЕФА дека Текстор има само 25% од сопственичките права во клубот и дека неговото влијание не е доволно големо за да се смета за директен одлучувачки фактор. Токму тоа ќе биде главниот аргумент на денешниот состанок со челниците на Европската куќа на фудбалот.
Доколку Палас не успее да го задржи своето место во Лига Европа, следна опција би била преселба во Конференциската лига, но и таму ситуацијата е комплицирана. Имено, Текстор има и управувачка улога во данскиот Брондби, што може да доведе до нов судир на интереси, овојпат и на трета страна.
Фото: Crystal Palace FC/FB