Перишиќ пред одлука: Преговара со гигант кој ќе игра во ЛШ

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ (36) зад себе има одлична сезона во дресот на ПСВ Ајндховен, клуб со кој оваа година го освои шампионскиот трофеј во холандската Ередивизие, но со крајот на сезоната истече и неговиот договор, па во овој момент слободен играч.

Иако постојат индиции дека би можел да остане уште една сезона во ПСВ, сè погласни се шпекулациите дека искусниот офанзивец би можел да ја продолжи кариерата во Франција.

Според добро упатениот холандски новинар Рик Елфринк, кој со години ги следи случувањата во ПСВ, преговорите меѓу Перишиќ и клубот биле во напредна фаза. Сепак, истиот извор сега тврди дека Олимпик Марсеј влегол во игра со сериозна понуда.

Францускиот гигант, кој избори пласман во Лигата на шампионите, активно работи на засилување на напаѓачката линија. Покрај Перишиќ, на радарот на Марсеј се наоѓа и Ноа Ланг, уште еден офанзивец на ПСВ кој остави силен впечаток во минатата сезона.

За Перишиќ, Лига 1 не би била непозната дестинација бидејќи во почетокот на кариерата беше дел од францускиот фудбал како член на Сошо.

Фото: PSV/FB