Јокиќ се мачи, Денвер ја изгуби предноста на домашниот терен (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер го победи Денвер како гостин со 92-87 и го врати брејкот кој тимот од Колорадо на стартот од серијата во полуфиналето на Западот.

Сега резултати е 2-2 и претстојат најмалку уште два возбудливи меча во кои никој не се осмелува да прогнозира кој ќе победи. Натпреварот го одбележа очајната прва четвртина во која беа постигнати само 25 поени (8-17) со што е израмнет негативен рекорд во НБА, но и новото лошо издание на Никола Јокиќ и покрај солидните бројки на крајот.

Српскиот кошркар, кој се мачи во оваа серија, постигна 27 поени и 13 скока, но повторно бројките не се реален одраз на неговиот вистински ефект. Првиот кош го реализира на средината од втората четвртина, а до крајот шутираше 7/22 што е 32% успешност. Ова е трет натпревар по ред на кој Јокиќ има под 40% прецизност од игра што не му се случило од 2018 година. За според, во годинашниот плејоф, тој шутира со 30% од игра и 18% за тројка, додека во регуларниот дел имаше 57% од игра и 41% за три поени. Освен тоа, бројот на асистенции му падна од 10 на 5, а индексот од 29 на 21.

Оклахома знаеше да го искористи сето тоа и да ја врати предноста на домашниот терен иако прашање е колку тоа навистина е предност ако се знае дека повеќе победи во годинашниот плејоф имаат гостинските екипи.

Шеј Гилџес Александер беше најефикасен кај Тандер со 25 поени, шест скока и шест асистенции; но во клучните моменти, важно беше присуството на Алекс Карузо. Петтиот натпревар се игра во Оклахома каде овој тим има можност првпат да дојде во водство во оваа серија.

Во вториот натпревар од ноќешната програма, Индијана на домашен терен го победи Кливленд со 129-109 и поведе со 3-1 во серијата.

фото: EPA PHOTO