
Гвардиола: Да ми кажеше некој дека ова ќе се случува - немаше да му верувам!
Манчестер ситти до победата дојде со голот на Матеус Нуњеш во самата завршница и сега се наоѓаат на третата позиција со натпревар повеќе од главните конкуренти.
„Многу сум среќен. Ова е голема победа за нас, но ќе треба да ја потврдиме и во наредните натпревари. Не е потребно да се биде голем тренер за да се дојде до заклучок дека Вила е многу добар тим кој му зададе големи проблеми на ПСЖ и го победи Њукасл“, изјави Гвардиола.
Додаде Пеп и дека не очекувал дека во финишот од сезоната ќе ги користи О'Рајли и Нуњеш како бекови.
„Ако ми кажеше на почетокот на сезоната дека ќе се борам за Лигата на шампионите со О'Рајли и Нунеш како бекови, не би му поверувал“, изјави Гвардиола.
До крајот на сезоната, Сити го очекуваат натпреварите против Вулвс, Борнмут, Саутемптон и Фулам, како и полуфинале во ФА Купот против Нотингем Форест.
Фото: Manchester City/FB