Нов пораз за Адеми и Ристовски: Горица го шокира Динамо Загреб

Фудбалерите на Динамо Загреб повторно разочараа во хрватскиот шампионат, откако загубија на гостувањето кај Горица со 0-1 во 31. коло од домашното првенство.

Динамо доминираше на теренот и создаде дури 20 шанси, меѓутоа ниту една од нив не искористи, по што казната стигна во 67. минута кога Пајазити стрелаше за 1-0.

Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа дел од натпреварот, но не успеаја да му помогнат на Динамо да се спаси од пораз.

Динамо е трет во лигата со 52 бодови, односно четири помалку од Риека и Хајдук Сплит.

Фото: Dinamo Zagreb