По изненадувачкиот пораз на Динамо, шок доживеа и Хајдук!

Денот во најдобрата хрватска лига почна со пораз на Динамо Загреб на гостувањето кај Горица, а големо изненадување се случи и на следниот меч, Хајдук на свој терен со 1-0 загуби од Истра 1961.

Ристовски, Адеми и нивните соиграчи загубија со 1-0 од Горица, а исто така лошо мина и Трајковски со Хајдук.

Голот за Истра го постигна Рожиќ уште во 35. минута. Хајдук имаше доволно време да го сврти мечот или барем да се спаси од пораз, но не успеа.

Александар Трајковски ги одигра последните 20 минути од мечот.

На овие резултати најмногу се израдува Риека која ако не загуби на свој терен од Осјек ќе избие сама на врвот.