
Пролет се врати од „минус осум“ и го освои Радовиш
Радовиш имаше одличен почеток на натпреварот и предност од 12-4, меѓутоа Пролет се разбуди во финишот на првото полувреме и намали на 12-14 на полувремето.
Пролет успеа да направи целосен пресврт во вториот дел и да го чува водството до последниот звук на сирената (26-24).
Најдобар во победничкиот тим беше Ласко Андоновски со шест голови, додека Ивица Илиев постигна седум погодоци кај Радовиш.