Барса и Реал со порази тргнаа во плеј-офот од Еволигата!

Шпанските спортски гиганти, во овој случај кошаркарските екипи на Барселона и Реал Мадрид беа убедливо поразени во првите мечеви од плеј-офот во Евролигата.

Монако со 97-80 ја совлада Барселона која добро го отвори мечот, но комплетно потфрли во третиот период кој го загуби со 15 поени разлика и тука го загуби и мечот.

Џејмс и Теис со по 22 поени беа најдобри во составот на Монако, Пантер реализираше 16 поени за Барселона.

Олимпијакос со 84-72 го совлада Реал Мадрид. Тука мечот беше решен уште на почетокот. По првото полувреме грчкиот тим водеше со 47-29 и до крајот ја задржа високата предност.

Везенков со 23 поени беше најефикасен во составот на Олимпијакос, Љуљ постигна 16 поени за Реал Мадрид.