Вардар и Струга ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одигра нерешено во реваншот против Брера Струмица (1-1), но поради победата од првиот меч (3-0) се пласира во финалето на Купот на Македонија, каде што ќе се судри против Струга која ја елиминира Шкендија.

Вардарци не настапија на гостувањето во Струмица со најсилниот состав, па Брера успеа да поведе со голот на Христијан Јанкулоски во 34. минута.

На почетокот на второто полувреме Вардар успеа да израмни, и тоа со погодокот на Михаил Талевски, кој ги постави конечните 1-1.

Струга го постигна единствениот гол против Шкендија преку Хоган во првото полувреме, по што Шкендија се обидуваше да стигне до израмнувачки погодок, а тоа им успеа во завршницата.

Шкендија изведе незгоден центар-шут од корнер, при што лошо реагираше голманот на домашниот состав, а тоа веднаш го казнија гостите и израмнија на 1-1.

Фудбалерите на Струга се пласираа во финалето на Купот благодарение на триумфот во првиот меч против големиот ривал со 2-1.