Историја за Монако: Малата држава за првпат ќе игра во светската група на Дејвис купот
Репрезентацијата на Монако во квалификацискиот дуел за светската група ја совлада Финска со 3-1 и за првпат во историјата обезбеди настап во квалификациската фаза на Дејвис купот.
Најзаслужен за историскиот успех беше Валентин Вашеро, актуелниот освојувач на АТП Мастерс 1000 турнирот во Шангај. Тој оствари две важни победи во сингл, против Еро Васа и Ото Виртанен, со што му донесе значаен придонес на својот тим. Дополнителен поен за Монако обезбедија Ромен Арнеодо и Иго Нис, кои триумфираа во игра на двојки.
Интересно е што Вашеро, Арнеодо и Нис се родени во Франција, но настапуваат за Монако. Вашеро е роден во Кап-Мартен, место кое се наоѓа во непосредна близина на Монако и е поврзано со тенискиот турнир во Монте Карло. Единствениот вистински тенисер од Монако во составот е Лука Катарија, но тој не успеа да придонесе со победа во овој дуел бидејќи загуби од Виртанен со убедливи 3-6, 0-6.
Сепак, тоа не го намалува значењето на историскиот резултат. Монако, држава со околу 38.000 жители, за првпат ќе биде дел од квалификациите за Дејвис купот.