Рафиња е подобар и од Меси – само Роналдо е пред него

Рафиња продолжува да испишува историја со Барселона, а по хет-трикот против Севиља стигна до бројки кои ниту Лионел Меси не успеал да ги оствари во дресот на каталонскиот гигант.

Бразилецот постигна три гола во победата од 3-1 на гостувањето кај Севилја и сега има неверојатни 12 погодоци во првите седум натпревари на Барселона во Ла Лига.

Тоа е најдобар старт во историјата на каталонскиот клуб. Рафиња со своите 12 гола го надмина и Лионел Меси, кој во сезоната 2017/18 постигна 11 гола во првите седум лигашки натпревари. Уште поимпресивно е што во целата историја на Ла Лига само еден фудбалер има подобар голгетерски старт од Рафиња.

Станува збор за Кристијано Роналдо, кој во сезоната 2014/15 постигна 13 гола во првите седум натпревари за Реал Мадрид. Рафиња сега е само еден гол зад легендарниот Португалец. Бразилецот против Севиља постигна и таканаречен „совршен хет-трик“ – еден гол со десна нога, еден со лева и еден со глава. Тоа е уште еден интересен податок бидејќи Меси, иако има рекордни 36 хет-трика во Ла Лига, ниту еден во кариерата не постигнал на ваков начин.

Интересно е тоа што кога Роналдо го постави рекордот со 13 гола во првите седум кола, Реал не ја освои титулата во Ла Лига, туку таа ѝ припадна на Барселона која таа сезона дојде и до тројната круна.