Ковач среде интервју дозна за трагичната вест и не можеше да ги сокрие солзите (ВИДЕО)

Нико Ковач доживеа емотивен момент веднаш по победата на Борусија Дортмунд над Штутгарт со 1-0, откако среде телевизискиот интервју дозна за смртта на неговиот поранешен соработник и пријател Петер Херман.

За Борусија Дортмунд тоа беше четврта последователна победа во Бундеслигата, но разговорот по натпреварот доби сосема поинаков тек.

Додека Ковач даваше интервју за „Скај Спорт“, водителот му ја соопшти информацијата дека починал Херман. Хрватскиот тренер очигледно беше затекнат од веста, а емоциите веднаш го совладаа. Ковач не успеа да ги сокрие солзите и му беше исклучително тешко да продолжи со интервјуто. И покрај тоа, водителот продолжи со прашањата и побара од него реакција на трагичната вест.

Токму начинот на кој Ковач дозна за смртта на својот поранешен соработник предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од гледачите сметаа дека ваква информација не требало да му биде соопштена пред телевизиските камери, особено имајќи предвид дека Херман му бил близок соработник и пријател.

Петер Херман почина на 74-годишна возраст по компликации поврзани со невролошко заболување. Во текот на својата тренерска кариера работел во повеќе германски клубови, меѓу кои Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Шалке и Баер Леверкузен. Со Ковач соработуваше во периодот кога Хрватот беше тренер на Баерн Минхен.