Рафиња „експлодира“ поради „Златната топка“: Ова е голема неправда!

Изоставувањето на Рафиња од списокот на 30 номинирани за „Златната топка“ предизвика бројни реакции во фудбалската јавност. Тој минатата година заврши на петтото место, но годинава воопшто не се најде меѓу кандидатите за наградата.

Рафиња по објавувањето на номинациите не сакаше да коментира и кажа дека неговиот фокус е Барселона, но на последниот меч против Севилја постигна хет-трик.

„Искрено, мислам дека ова е голема неправда затоа што ниту Педри, ниту јас не сме меѓу кандидатите за наградата. Не зборувам дека мора да ја освоиме наградата, но верувам дека заслуживме да бидеме во конкуренција“, кажа Бразилецот.

Фото: Facebook/FC Barcelona