Бизарна сцена: Поранешна ѕвезда од Премиер лигата прегазена од машина на терен (ВИДЕО)

Неверојатна сцена се случила пред натпревар во тајландското првенство, каде поранешниот англиски репрезентативец Андрос Таунсенд доживеал бизарна незгода за време на загревањето.

Возачот на валјакот изгуби контрола и машината влета на теренот додека фудбалерите се подготвувале за почетокот на мечот. Со брза реакција, машината била отстранета, а Таунсенд за среќа избегнал потешки повреди.

Таунсенд во текот на кариерата настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон.