
Лука Јовиќ двапати го „тресеше“ Интер и го однесе Милан во финале! (ВИДЕО)
Првиот натпревар меѓу двата соседи заврши без победник 1-1, па финалистот се одлучуваше денеска во мечот кој домаќин беше Интер, а со тоа имаше и поголема поддршка од публиката.
Но, тоа не им пречеше на росонерите, особено не на Лука Јовиќ.
Србинот погоди со глава во 36. минута за водство на Милан од 1-0, со тој резултат се замина на полувремето.
По само четири минути игра во вториот дел Јовиќ даде уште еден гол и ја зголеми предноста на росонерите на 2-0.
На пет минути до крајот гол даде и Реиндерс за конечни 3-0.
Милан ќе се обиде со освојување на купот да ја спаси сезоната, а на Интер му останува да се фокусира на Серија А и Лигата на шампионите.