
Прилеп „гостуваше“ на свој терен против Струга и лесно дојде до победата!
Струга по пет кола во плеј-аутот е закована на дното и е главен кандидат за преселба во ранг подолу.
Прилеп со оваа победа нема потреба да стравува од опстанок, тие сигурно ќе останат да играат во елитното ракометно натпреварување и наредната сезона.
Најефикасен кај Прилеп беше Никола Цветаноски со шест голови, Бикоски, Шабановиќ и Квастек постигнаа по пет. За Струга Стојков даде седум голови.