Елмас: Сонувам за настап со Македонија на Светско првенство!
Иако неговата клупска кариера моментално е во фокусот поради новиот почеток во Аталанта, дваесет и седумгодишниот фудбалер јасно стави до знаење дека на репрезентативен план има само еден ултимативен сон од кој нема намера да се откаже. Откако веќе ги искуси настапите на големите натпреварувања со младинската селекција во 2017 година, како и со сениорскиот тим на историското Европско првенство во 2021 година, Елмас сега цели кон најголемата светска фудбалска смотра.
Тој децидно истакна дека е подготвен да игра уште долго, па дури и во својата петта деценија од животот, само за да го оствари овој историски подвиг со својата татковина.
„Секогаш ми било сон да играм на Светско првенство со Македонија. Имаме играно на Европско првенство до 21 година, потоа и на сениорско Европско првенство во 2021, па Мундијалот е мојата ултимативна цел. Секако, не треба да се фокусираме само на Светското, прво мора да гледаме кон Европското првенство во 2028 година. Сè додека сум фит и нозете ме држат, ќе го давам максимумот. Се надевам дека нема да ја завршам кариерата додека не се пласирам на Светско првенство, дури и ако тоа се случи откако ќе наполнам 40 години“, изјави македонскиот „дијамант“.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.