Халанд ќе тужи норвешка авиокомпанија поради фотка направена со вештачка интелигенција!
Голгетерот бил изнервиран од несекојдневниот маркетиншки потег на компанијата, која се обидела незаконски да профитира на неговата огромна глобална популарност. Спорната ситуација настанала откако авиокомпанијата искористила фотографија генерирана од вештачка интелигенција, на која на самиот врв од еден од нивните авиони била додадена старата препознатлива фризура на Халанд – неговото славно опавче.
Овој маркетиншки потег бил направен без никаква дозвола од фудбалерот. Иако компанијата веројатно ќе се обиде да се одбрани пред надлежните органи и да докаже дека заштитниот знак на авионот не го претставува директно напаѓачот на Манчестер Сити, нивната вистинска намера била јасно откриена преку описот на самата објава, каде што напишале: „Никогаш не сме изгледале понорвешки“.
Халанд и неговиот тим од адвокати веднаш ги разгледале сите опции и цврсто веруваат дека постои сериозна основа за покренување на правна постапка за неовластено користење на неговиот имиџ.