
Ѓулер му донесе победа на Реал и го остави во игра за титулата! (ВИДЕО)
Реал Мадрид се врати на -4 во однос на Барселона откако ги освои трите бода на гостувањето кај Хетафе.
Херој на кралскиот клуб беше Арда Ѓулер кој постигна убав гол од далечина во 21. минута за водство од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Хетафе имаше неколку убави шанси во самиот финиш од натпреварот, но Куртоа не дозволи да се затресе неговата мрежа.