Синот на Малдини даде гол за победа, па заврши во - болница!

Италијанскиот фудбалер Даниел Малдини заврши в болница по сообраќајна несреќа во Милано, само неколку часа откако му донесе победа на Каљари против Аталанта.

Малдини синоќа беше херој на Каљари, постигнувајќи го победничкиот гол од пенал за триумф од 2-1 на гостувањето во Бергамо.

Но, утрото донесе непријатен пресврт. Околу 5:15 часот, во северниот дел на Милано, дошло до судир меѓу два автомобили во кој учествувале шест лица. Малдини бил пренесен во болницата „Фатебенефратели“ на лекарски прегледи, откако на местото на несреќата пристигнале три амбулантни возила и медицинска екипа. 

За среќа, според информациите од италијанските медиуми, 24-годишниот фудбалер не се здобил со сериозни повреди. По извршените прегледи, тој бил пуштен од болница. И останатите учесници во несреќата поминале со полесни повреди.  Полицијата продолжува со истрагата за да се утврдат точните околности под кои дошло до сообраќајката.