Најава за голем камбек: Синер одреди кога и каде ќе му се врати на тенисот!

Прворангираниот светски тенисер, Јаник Синер, е сè поблиску до враќање на терените, откако пристигна во Монте Карло, каде што ќе го продолжи процесот на рехабилитација и постепено ќе се врати на редовниот тренажен процес.

Италијанецот поради повреда на зглобот беше принуден да го откаже настапот на Ју-Ес Опен, турнир на кој вечерва во големото финале силите ќе ги одмерат Александер Зверев и Бен Шелтон. Според планот за рехабилитација, враќањето на Синер во натпреварувачкиот тенис се очекува да се случи на АТП турнирот од серијата 500 во Пекинг, кој официјално започнува на 30 септември. Тој својот последен натпревар оваа година го одигра во финалето на Вимблдон, каде што оствари победа токму против Зверев.

И покрај долгата натпреварувачка пауза и пропуштањето на последниот грен-слем турнир во сезоната, Синер ќе ја задржи првата позиција на АТП листата и по завршувањето на натпреварувањата во Њујорк.