Крај на доминацијата на Сабаленка во Њујорк, Рибакина е нова шампионка на Ју-Ес Опен!

Елена Рибакина за првпат во кариерата дојде до титулата на Ју-Ес Опен откако во финалето на последниот грен-слем во сезоната ја победи Арина Сабаленка со 6-4, 5-7 и 6-2.

Рибакина има фантастичен турнир бидејќи уште претходно си го обезбеди првото место на ВТА листата, а сега и ја прекина доминацијата на турнирот кој Сабаленка го освојуваше три години во низа. 

Финалето беше нивни 18-ти меѓусебен дуел, а 15-ти пат се сретнаа на тврда подлога. Вкупниот скор пред мечот во Њујорк беше 10:7 за Сабаленка, додека двете тенисерки имаа по седум победи во претходните 14 меѓусебни дуели на тврда подлога.

Затоа и се очекуваше дека ова нема да биде меч во кој некоја од ривалките лесно ќе стигне до победата и до наградата од 5,5 милиони американски долари.

За Рибакина ова беше вкупно трет грен-слем во кариерата претходно го освои Вимблдон во 2022 година и Австралија Опен оваа година каде што исто така ја победи Сабаленка во финалето.