Добра вест за Седлоски: Алиоски се врати – ќе биде спремен за стартот на Лигата на нации!
Тој се повреди пред речиси еден месец на дуелот против Грасхоперс, на кој претходно прикажа одлична игра. Овој здравствен проблем го оддалечи од терените подолг период, поради што македонскиот интернационалец беше принуден да пропушти дури девет официјални натпревари на својот клуб.
Неговото враќање во конкуренција доаѓа во вистински момент. До претстојната репрезентативна пауза, тимот на Лугано треба да одигра уште три натпревари, што претставува идеална можност за Алиоски постепено да ја врати натпреварувачката форма и да фати ритам. Ова е особено важно бидејќи македонската репрезентација на крајот од месецот ја очекува стартната пресметка во новото издание на Лигата на нации, каде што еден од ривалите во групата ќе биде токму селекцијата на Швајцарија.