Ренџерс го растури Селтик во Лига Купот, Миовски одигра само неколку минути (ВИДЕО)
Составот предводен од менаџерот Мартин О'Нил прикажа многу скромно издание и беше поразен практично без вистински отпор. Со овој пораз на гостувањето, воедно беше прекината и одличната победничка серија на Селтик која траеше од самиот почеток на новата сезона во Шкотска.
Домаќините го отворија резултатот во 23. минута со погодокот на Даниел Нил, кој ја најави победата на својот тим. Предноста ја зголеми летното засилување Кевин Келси. Венецуелецот, кој пристигна од редовите на Портланд Тимберс и кој претходно запиша асистенција, со одлична егзекуција со левата нога го постигна својот првенец во дресот на Ренџерс. Конечниот резултат го постави Даниел Нил со својот втор гол на натпреварот, со што ги отстрани сите дилеми околу патникот во следната фаза и се наметна како главен кандидат за епитетот играч на натпреварот.
Нашиот Бојан Миовски не беше во стартниот тим на Ренџерс, а доби шанса дури во 87. минута само за да го прослави триумфот на терен со своите соиграчи.