
Во Хрватска сите водечки кикснаа, вкупниот коефициент беше 250!
Денот почна со поразот на Динамо Загреб кај Горица од 1-0. Во тие моменти се чинеше дека Хајдук и Риека ќе профетираат и ќе му се одалечат на ривалот.
Но, следуваше голем кикс на Хајдук, сплитскиот тим на домашен терен загуби со 1-0 од Истра 1961.
Последна играше Риека, на нив им беше доволно и реми за да се осамостојат на врвот, но и тие беа поразени.
Риека загуби на домашен терен од Осиек со 2-0 и го комплетираше црниот ден на фаворитите во Хрватска.
Ваквиот исход на денешните резултати во Хрватска сигурно предизвика и големи дебати кај спортските обложувачи, вкупниот коефициент на овие три изненадувања изнесува дури 250.
На пет кола до крајот на сезоната Риека и Хајдук имаа по 56 бода, трет е Динамо со 52.