
Сити ја победи Вила со гол во 94. минута, огромни три бода во борбата за ЛШ! (ВИДЕО)
Сити поведе со гол на Бернанрдо Силва уште во седмата минута, Мартинез направи катастрофална грешка и му подари погодок на противникот.
Десет минути подоцна беше досуден пенал за Астон Вила кој го реализираше Рашфрод за израмнување на 1-1.
Тој резултат беше актуелен се до 94. минута кога по асистенција од Доку, Нунес даде гол за победа на Сити од 2-1.
Сити по оваа победа се наоѓа во одлична позиција да задржи пласман во топ пет на табелата, а на Вила ќе ѝ биде тешко да го направи тоа.