Шортс и Париз немоќни во Истанбул, Фенер со победа тргна во плеј-офот

Фенербахче поведе со 1-0 во плеј-оф серијата против Париз откако на свој терен го доби мечот со 83-78.

Париз одлично го почна мечот, ја доби првата четвртина со 22-18, но беше поинаку во вториот период во кој Фенербахче го сврте мечот и на одморот замина со водство од 49-42.

Мечот продолжи со неизвесна борба, Париз неколкупати водеше, но предноста во најголемиот дел беше на страната на Фенер кој на крајот славеше со 83-78.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс мечот го заврши со 17 поени, поефикасни во неговиот тим беа Хифи со 21 поен и Ворд со 19. Интересно, најефикасниот кај Фенер беше Балдвин со 15 поени, но дури шест негови играчи беа двоцифрени, што говори за одличната тимска игра.

И наредниот меч од серијата се игра во Истанбул, дуелот е закажан за 24 април.