Алкараз би го „убил“ Ѓоковиќ: Не можам да го преболам тој пораз (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека и понатаму и не може да го преболи поразот од Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри, а тоа самиот го потврди во неговото последно кратко интервју.

Алкараз во текот на турнирот во Квинс снимаше содржина за друштвените мрежи, па доби задача да ја игра позната игра „бакни, ожени или убиј“.

За секоја категорија, Алкараз мораше да избере по еден од понудените личности, а тоа беа: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Одговорот на Алкараз беше дека би го убил Ѓоковиќ, би го оженил Надал, додека за бакнежот го избра Федерер.

Фото: EPA