ПСЖ израмни, навивачите направија шоу! (ВИДЕО)

По нешто повеќе од еден час игра, ПСЖ се враќа и израмнува во финалето од Лигата на шампионите, а стрелец на голот беше Осман Дембеле

Освојувачот на „Златната топка“ беше сигурен реализатор на пеналот кој го изнуди Кварацхелија и во 64. минута бранителот на трофејот дојде до 1-1.

Веднаш по голот навивачите на ПСЖ направија вистинско шоу, меѓутоа предизвикаа и интервенција на полицијата која дојде пред нивната трибина за да спречи поголем инцидент.