
Јужноафриканец на 31 година сруши рекорд на Болт!
Имено. Болт во текот на десет различни години низ кариерата успеваше да оствари резултат под десет секунди во трките на 100 метри, а сега Симбине успеа да го подобри рекордот за една година.
Симбине успеа да ја продолжи низата и 11-та годна во низа истрча време под десет секунди.
Рекордот 31-годишниот го сруши на игрите во Париз каде што заврши на четвртото место, но успеа да освои сребро на штафетата.
Најдобриот резултат на 100 метри на Симбине е 9.82, што е сепак послабо од славнотo време на Болт 9.58.
Фото: Usain Bolt/FB