Алкалоид на крилјата на Серафимов го победи Бутел

Алкалоид со 33-30 го совлада Бутел со во последниот меч од четвртото коло во плејофот на ракометната Суперлига, предноста од три разлика беше направена во првото полувреме, Серафимов беше незапирлив, постигна 11 голови.

По одличниот натпревар во Европа, момците на Кирил Лазаров денеска имаа домашна задача која ја решија успешно, но противникот пружи силен отпор.

Алкалоид го доби првото полувреме со 16-13, а вториот дел заврши нерешено, но домаќините ја задржаа предноста и го добија мечот со конечни 33-30.

Најдобар стрелец на натпреварот бешe Мартин Серафимов со 11 гола, а го следеа Иван Џонов, Арно Бинго и Александар Петковски, тројцата дадоа по четири гола.

Сега фокусот на Алкалоид повторно се насочува кон европската сцена, на 27. април се игра реваншот против Рунар во Норвешка. Меч за пласман во финале.