Eден од најомразените фудбалери на денешницата доби своја серија

Бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ќе добие свое филмско остварување. Еден од најексплозивните напаѓачи на денешницата, кој за кратко време се етаблираше како еден од клучните играчи на „кралскиот клуб“, добива документарна серија што ќе се прикажува на „Нетфликс“ од 15 мај.

Иако веќе подолго време се зборуваше дека се подготвува нешто посебно посветено на Винисиус, денес официјално беше потврдено и името и датумот на премиерата. Документарецот ќе го носи насловот „Baila, Vini“ – што во превод од португалски значи „Играј, Вини“.

Серијата ќе го прикаже животниот пат на Винисиус – од неговите скромни почетоци во Бразил, па сè до славата под светлата на „Сантијаго Бернабеу“. Дури и оние кои не се негови најголеми фанови ќе имаат можност да ѕирнат зад сцената и да дознаат како се градела кариерата на Бразилецот.

Покрај фудбалските моменти, документарецот ќе опфати и теми кои оставиле силен белег врз животот на Винисиус, меѓу кои централно место зазема борбата против расизмот, нешто што младиот Бразилец гласно го потенцираше во последните години.

Во документарецот ќе се појават и неколку големи имиња од светот на фудбалот, блиски до Винисиус  како Нејмар, Џуд Белингем, Тони Крос, Роберто Карлос и Карим Бензема.