
Раде Стојановиќ по една сезона заминува од Тримо Требње!
Само една сезона траеше авантурата на Стојановиќ во Требње, Тој преку порака на социјалните мрежи објави дека заминува, а во словенечките медиуми се шпекулира дека на негово место ќе дојде Бранко Тамше.
„Благодарен сум за ова поглавје, фокусот ни е да ја завршиме сезоната што е можно посилно. Како што сезоната доаѓа до крајот, така завршува и моето време како главен тренер на РК Тримо Требње. Вистински сум благодарен за можноста за соработка и сето искуство што го земам со мене. Горд сум на прогресот на тимот, професионалниот пристап и силната релација која ја изградивме преку напорна работа, посветеност и делба на целите. Секое патување има крај, јас го затворам ова поглавје со чувство на исполнетост и голема почит за клубот, ракометарите и фановите. До последниот свиреж, ние остануваме фокусирани, заедно, ќе го дадеме максимумот за да го водиме Тримо Требње до титулата во националното првенство“, напиша Раде Стојановиќ.