Валенсија е во низа од осум натпревари без пораз! (ВИДЕО)

Валенсија одигра 1-1 против Еспањол на Местаља и ја продолжи серијата без пораз, тимот на Столе Димитриевски игра две сосема различни полусезони.

Во првиот дел од сезоната Валенсија беше еден од најлошите тимови, оние на кои им се закануваше испаѓање, но работите комплетно се променија во вториот дел.

Тие веќе осум натпревари по ред немаат пораз и се качија на 14. позиција на табелата со осум бода повеќе од опасната зона.

Димитриевски и на овој меч беше на клупата за резерви, Мамардашвили го чуваше голот на Валенсија.

Еспањол поведе со гол на Пуадо во првото полувреме, домаќините израмнија со погодок на Гера во вториот дел за конечни 1-1.