Истра ги шокира Трајковски и Хајдук среде Сплит!

Хајдук Сплит се наоѓа во резултатска криза во последниот период и веќе три меча по ред не знае за триумф, а вечерва доживеа дополнителен шок откако загуби на „Пољуд“ со 0-1 од Истра 1961.

Истра успеа да му направи сериозни проблеми на кандидатот за титулата и да го постигне единствениот гол преку Розиќ во 35. минута од натпреварот.

Домашниот тим во вториот дел се обиде да стигне до израмнување, а македонскиот интернационалец Александар Трајковски влезе во игра во 70. минута, меѓутоа ништо не му помогна на Хајдук да се спаси од пораз.

Хајдук се наоѓа на втората позиција во лигата со 56 бодови, колку што има и првопласираната Риека, која има одиграно еден ме помалку.

Фото: HNK Hajduk Split