Триумфи за Гостивар и Тиквеш на стартот на борбата за опстанок

Кошаркарите на Тиквеш триумфираа против Вардар со 91-65, додека Гостивар го совлада Шкупи со 81-78 во борбата за опстанок во Првата лига.

Тиквеш немаше милост за Вардар и го декласира со 91-65, додека најдобри во победничкиот тим беа Глигоријевиќ со 19 и Мирков со 13 поени, додека Бајрам запиша 21 поен за поразениот состав.

Гостивар во одлична пресметка против Шкупи славеше со 81-78, а Ѓорѓевиќ го заврши мечот со 24 поени и 18 скокови, додека Арнолд запиша 25 поени за екипата од Чаир.

Кавадарчани во следното коло ќе се соочат против Гостивар, додека Тиквеш ќе се пресмета против Вардар.