
ТФТ го прегази Вардар, славеше со 53 поени разлика
ТФТ влезе како голем фаворит против последнопласираниот тим на табелата и таа улога лесно ја оправда. Избраниците на тренерот Боро Смилковски доминираа од почетокот до крајот за да ја забележат една од најубедливите победи сезонава од 53 поени разлика.
Вардар рамноправен противник до некаде беше само во првата четвртина која домаќините ја добија со 17-13. Веќе во вториот период фаворитот започна да се „одлепува“ и на паузата на семафорот стоеше 40-25.
Второто полувреме донесе уште поголема доминација на ТФТ и Вардар во двете последни четвртина постигна само 12 поени, пет во третата и седум во четвртата.
Наејфикасен кај ТФТ беше Браун со 15 поени, додека на спротивната Бајрам уфрли 10.