Анчелоти: Винисиус покажа дека ја заслужува „Златната топка“

Реал Мадрид пукна „петарда“ против Борусија Дортмунд (5-2), а еден од главните фудбалери на теренот во второто полувреме беше бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор.

Винисиус го заврши натпреварот со хет-трик и го воодушеви тренерот Карло Анчелоти, а воедно покажа зошто важи за главен фаворит за „Златната топка“ која ќе се додели за неколку дена.

„Ретко може да видите настап како тој на Винисиус. Не само поради головите, туку интензитетот и карактерот кој го покажа на теренот. Вини покажа дека ја заслужува наградата, поради сè што направи минатата година“, кажа Анчелоти.

Бразилецот игра одлично веќе со години, а оваа сезона настапи на 14 меча, при што постигна осум голови и седум асистенции.