Македонија до 15 години загуби од Турција во вториот контролен меч

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години беше поразена со 0-1 од Турција на вториот пријателски натпревар во тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Единствениот гол за Турција го постигна Догу во 31. минута, по една грешка на одбраната на македонската репрезентација.

Македонија во продолжението се бореше да стигне до израмнување, односно испрати неколку удари од далечина, меѓутоа не успеа да го загрози противничкиот гол.

На првиот контролен меч, Македонија славеше против Турција со 3-2.