Детето на Реал Мадрид ќе игра со Меси во Интер Мајами!
Договорот кој го потпиша Шпанецот има важност до декември 2027 година, но и опција да биде продолжен на уште една година.
„Ова е многу амбициозен проект, клуб кој сака да победува и поради тоа одлучив да дојдам тука. Мојата цел е да продолжам да победувам и да се борам за трофеите заедно со тимот“, изјави Регулион.
Во својата кариера, Регулион покрај Реал Мадрид, беше дел од Севиља, Тотнем, Атлетико Мадрид, Манчестер јунјатед и Брентфорд.
За репрезентацијата на Шпанија собра шест настапи, а беше дел и од Светското првенство во 2021 година.