Перез повторно за Барселона: Како да го заборавиме најголемиот скандал во историјата?
Одново Перез го спомена случајот „Негреира“ велејќи дека тоа е најголемиот скандал во историјата на Барселона.
„Најголемата грижа на Мадрид е ситуациите со судиите. Како што добро знаете, ситуацијата со „случајот Негреира“ е многу сериозна. Целосно е несфатливо тоа што институциите го оставија Мадрид сам во ваа борба. Како е можно претседателот на судот да бара од нас тоа да го заборавиме? Како е можно да го заборавиме најголемиот скандал во историјата на фудбалот? Не може федерацијата и Ла Лига вака да се однесуваат. Имаат должност да обезбедат интегритет“, истакна Перез.