Разбојникот кој го ограби Донарума извршил самоубиство во затвор!

Трагичен епилог доби случајот со грабежот во домот на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, откако еден од крадците извршил самоубиство во затвор.

„Ле Паризиен“ објави дека 21-годишен маж, кој бил еден од крадците во домот на голманот, си го одземал животот. Кога пристигнале чуварите во неговата ќелија го забележале обесен за решетките на прозорецот.

Веднаш биле повикани медицински лица, кои се обиделе да го реанимираат, меѓутоа за момчето немало спас.

Истрагата покажала дека момчето било само „пион“ во рацете на организаторите на грабежот, а според истражните органи, лидерот на криминалната група со месеци вршела притисок и насилство врз него.

Фото: Facebook/Manchester City