Познати ривалите на младите македонски фудбалерки за квалификациите во Лига Б

Македонската репрезентација за фудбалерки до 17 години ги дозна противничките за втората квалификациска рунда во Лига Б.

Фудбалерките на Македонија се наоѓаат во групата Б5, каде што ќе се соочат против Северна Ирска, Луксембург и Грузија на турнирот закажан од 28 февруари до 6 март.

Групи:

Б1: Белорусија, Литванија, Малта, Естонија

Б2: Белгија, Словенија, Фарски Острови, Азербејџан

Б3: Црна Гора, Казахстан, Молдавија, Андора

Б4: Израел, Албанија, Данска, Германија

Б5: Македонија, Северна Ирска, Луксембург, Грузија

Б6: Украина, Бугарија, Босна и Херцеговина, Ирска