Зидан конечно се враќа на работа и ќе си го оствари сонот!?

Францускиот тренер Зинедин Зидан наскоро би можел да се врати на работа, а детали за тоа откри новинарот Фабрицио Романо, кој кажа дека е постигнат вербален договор со репрезентацијата на Франција.

Романо ја потврди информацијата и во видео-снимка на неговиот јутјуб-канал, а Зидан треба да ја преземе репрезентацијата по завршување на Светското првенство (СП).

Тимот предводен од Килијан Мбапе би можел да добие посвеж изглед, офанзивен стил на игра и поголема тактичка флексибилност.

Дидие Дешам со години добиваше критики поради тоа што Франција играше дефанзивен и предвидлив фудбал.